четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Брујне искрен: Лигата на нации е неважно натпреварување

Де Брујне искрен: Лигата на нации е неважно натпреварување

Кевин де Брујне, најдобриот фудбалер на Манчестер Сити и Белгија, не е премногу среќен што по завршувањето на клупската сезона мора да игра во натпревари во Лигата на нации.

Според календарот на УЕФА, почетокот на јуни е резервиран за репрезентативен фудбал, но поради густиот распоред и фактот што Светското првенство во Катар ќе се игра во ноември и декември, националните селекции во овој период ќе одиграат дури по четири натпревари.

„Лигата на нации е неважна во моите очи. Ова се само обични пријателски натпревари по долга и тешка сезона. Не се радувам на тоа“, рече Де Брујне.

Со неговата Белгија во следниот период ќе одиграат четири натпревари, против Холандија (3 јуни), Полска (8 јуни), Велс (11 јуни) и повторно Полска (14 јуни).