Според информациите на Мирор, Френки Де Јонг, ќе го одбие Манчестер Јунајтед и ќе направи изненадувачки трансфер во друг клуб од Премиерлигата.
Иако се верува дека се уште Де Јонг е играч за кој Јунајтед се интересира и сакаат да им биде прв трансфер ова лето, но сепак, според информациите кои ги има Мирор, Холанѓанецот има нешто друго во план.
Најсилен адут на „црвените ѓаволи“ евентуално би бил Тен Хаг кој во минатото работеше со Де Јонг во Ајакс, па Јунајтед токму на тоа се надева.
Мирор тврди во своето дневно издание дека Де Јонг сака да го одбие Манчестер Јунајтед и да се пресели кај Микел Артета, во Арсенал.
„Доколку дојдат други повици, ќе одговорам на нив, но засега сум добар во Барселона“, е последната изјава на Де Јонг, па допрва треба да дојде до разрешница на оваа трансфер сага.