сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Јонг одбива трансфер во Манчестер јунајтед

Де Јонг одбива трансфер во Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Барселона и холандски репрезентативец Френки де Јонг не сака да премине во редовите на Манчестер јунајтед, бидејќи премиерлигашот не обезбеди пласман во Лигата на шампиони во новата сезона, пренесуваат британските медиуми.

Весникот „Експрес“ наведе дека раководствата на Барселона и Јунајтед ја договориле висината на обесштетувањето, но холандскиот фудбалер одбива да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“, иако е во постојан контакт со новиот тренер на Јунајтед, Ерик тен Хаг.

Де Јонг (25) соработуваше со Тен Хаг во Ајакс, пред да замине за Барселона во 2019 година.

Тен Хаг по секоја цена настојува да го донесе сонародникот во Јунајтед, бидејќи Србинот Немања Матиќ и Французинот Пол Погба заминуваат од клубот. (МИА)