недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Лаурентис потврди: Осимен и Кварацхелија само за луди понуди може да заминат од Наполи!

Де Лаурентис потврди: Осимен и Кварацхелија само за луди понуди може да заминат од Наполи!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис се надева дека Виктор Осимен и Квича Кварацхелија уште долги години ќе бидат дел од Наполи, но не ја исклучи можноста да бидат продадени доколку за нив пристигнат некои неверојатни понуди.

Наполи е вистински хит оваа сезона, не само во Серија А, туку и во Лигата на шампионите. Осимен и Кварацхелија се двајцата играчи кои импресионираат најмногу иако целиот состав на Наполитанците игра на високо ниво.

„Квара и Осимен? Нема да биде тешко да ги задржиме нашите најдобри фудбалери, добри сме со договорите, но никогаш не вели никогаш во случај на луди понуди. Мислам дека тие долго време ќе останат со нас“, вели Де Лаурентис.