вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Де Лихт можеби ќе има потреба од операција

Де Лихт можеби ќе има потреба од операција

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт можеби ќе има потреба од операција на рамото. Овој проблем продолжува да го мачи 21-годишниот талент и не е ни чудно што е потребна операција за целосно отстранување на истата.

Де Лихт го повреди рамото за време на натпреварот со Аталанта во есен и иако се веруваше дека повредата е излечена, болката во овој дел продолжува да го мачи играчот до ден-денес. Најверојатно, Холанѓанецот ќе разговара за ситуацијата со спортскиот и техничкиот штаб на Јувентус и може да биде подложен на операција по завршувањето на сезоната.

Сепак, ова не е добра вест за тренерот Маурицио Сари, кој во оваа ситуација нема да може да се потпре на дефанзивецот за натпреварите во Лигата на шампионите во август.