вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дебрани се простија од Берти, еден од најдобрите стрелци на ФК Кораби, кој не успеа да го победи опасниот вирус

Дебрани се простија од Берти, еден од најдобрите стрелци на ФК Кораби, кој не успеа да го победи опасниот вирус

Дебрани со неверување и голема тага ја примија веста за смртта на Алберт Каба,кого сите повеќе милува да го викаат Берти, еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалскиот клуб Кораби.

Веста ја објави клубот наведувајќи дека Берти не успеал да ја добие битката со опасниот коронаврус.

Со длабока болка и тага соопштуваме дека почина поранешниот фудбалер на ФК Кораби, Алберт Каба-Берти, губејќи ја битката со смртоносниот вирус. Повеќе години беше дел од нашиот тим, но засекогаш ќе остане во сеќавање како икона на дебарскиот фудбал. Длабоко и искрено сочувство до семејството, роднините, пријателите, наведува клубот.
Алберт Каба(44), во Дебар сите го знаеја како голем фудбалер, човек со ведар дух, посветен син, добар сопруг, грижлив родител, но и како голем човек кој секогаш знаел да му помогне секому на кого било потребно.

Алберт до пред десет години го носеше дресот на својот омилен тим, важеше за голем голгетер, еден најдобрите стрелци во историјата на клубот.

Тој е погребан на градските муслимански гробишта во Дебар. (МИА)