недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Дејан Илиев го продолжи договорот со Арсенал

Дејан Илиев го продолжи договорот со Арсенал

Македонскиот голман во редовите на лондонски Арсенал, Дејан Илиев го продолжи договорот со клубот од „Емирати“, кој е за 2+2 години.

Дваесет и тригодишниот струмичанец одигра осум дуели за тимот на „топџиите“ до 23 години минатата сезона, а исто така беше вклучен и во првиот тим при победата во „Карабао Купот“ против Норвич Сити во октомври минатата година.

Илиев потпиша за Арсенал во летото 2012 година, откако дојде од ФК Беласица. Тој е репрезентативец на Македонија за играчи до 21 година.

МИА