Српскиот фудбалски стратег, Дејан Станковиќ, официјално е претставен како нов тренер на Ференцварош.
Поранешниот тренер на Црвена Звезда и Сампдорија бргу најде ангажман и ќе седне на клупата на унгарскиот гигант.
Актуелниот шампион на Унгарија го најави новиот тренер и изрази задоволство од соработката, а од Станковиќ ќе се очекува одбрана на титулата во домашното првенство, како и солидно претставување на тимот во Конференциската лига на УЕФА.