понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дејан Станковиќ најде нов ангажман како тренер

Дејан Станковиќ најде нов ангажман како тренер

Српскиот фудбалски стратег, Дејан Станковиќ, официјално е претставен како нов тренер на Ференцварош.

Поранешниот тренер на Црвена Звезда и Сампдорија бргу најде ангажман и ќе седне на клупата на унгарскиот гигант.

Актуелниот шампион на Унгарија го најави новиот тренер и изрази задоволство од соработката, а од Станковиќ ќе се очекува одбрана на титулата во домашното првенство, како и солидно претставување на тимот во Конференциската лига на УЕФА.