Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалер на Евертон Деле Али ќе настапува до крајот на сезоната како позајмен фудбалер во редовите на Бешикташ, соопшти клубот од Истанбул.
Али (26), кој поникна во Милтон Кејнс, во 2015 година прејде во Тотенхем, а неговата пазарна вредност пред четири години изнесуваше 100 милиони евра.
Англискиот фудбалер на почетокот на оваа година се пресели во Евертон, но за премиерлигашот од Ливерпул одигра само 13 натпревари, а клубот одлучи да го прати на позајмица во Бешикташ.
Али од 2015 до 209 година собра 37 настапи во дресот на Англија и постигна три голови.