Со само 32 години во фудбалска пензија замина поранешниот англиски репрезентативец и играч на Манчестер сити, Фабијан Делф.
Поранешниот репрезентативец беше без клупски ангажман од крајот на јуни оваа година кога му истече договорот со Евертон.
Делф ја почна кариерата во Лидс за кој настапуваше од 2006 до 2009 година, а потоа го носеше дресот на Астон Вила, Манчестер сити и Евертон.
Најуспешните сезони ги мина во редовите на Манчестер сити со кој освои две шампиони титули во Премиер лигата, а во периодот од 2014 до 2019 година одигра 12 натпревари з англиската репрезенмтација.