понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дембеле неизвесен за пресметката со Манчестер Јунајтед

Дембеле неизвесен за пресметката со Манчестер Јунајтед

Шпанскиот фудбалски клуб Барселона славеше на гостувањето кај Џирона (1:0), во локалното дерби, но остана без Усман Дембеле кој побара измена во 26.минута од натпреварот.

Неколку часа по натпреварот, шпанските медиуми објавија дека Дембеле има повреда на квадрицепсот на левата нога. Оваа повреда ќе го оддалечи од тимот во наредните три недели.

Поради повредата Дембеле најверојатно ќе го пропушти натпреварот со Манчестер јунајтед, на 16.февруари во Лига Европа.