Барселона сепак успеа да го убеди Дембеле да потпише нов договор и со тоа да стави крај на шпекулациите дека ќе го менува клубот во јануари.
Според последните најави од Шпанија, Дембеле ќе стави потпис на нов петгодишен договор до крајот на оваа календарска година.
Дембеле пристигна во Барселона во 2017 година за 150 милиони евра од Борусија Дортмунд, но поради најразлични повреди не успеа вистински да се докаже во тимот од „Камп Ноу“.