Горан Пандев денеска слави 39 години, а неговиот роденден, очигледно, им значи на сите за кои направил нешто големо.
Серија му посвети честитка на својот официјален профил на Фејсбук, а следеше и фотографија на Инстаграм страницата на Интер, од времето кога играше за миланските сино-црни.
Горан Пандев е величина и за италијанскиот фудбал, очигледно, прашање е само уште колку значи за нашиот, ако се прашаат луѓето кои го водат. Можеби кога ќе ги видат овие честитки ќе го следат нивниот пример и тие ќе објават нешто.