Барселона е под закана после долго време да остане без нокаут фаза во Лигата на шампионите, сценарио кое е лесно остварливо ако се погледне што не очекува во завршното шесто коло во групата Е.
Каталонците му гостуваат на Баерн Минхен кој има максимални „пет од пет“, средба на која избраниците на Чави Ернандез ќе мора да издвојуваат победа ако сигурно сакаат пласман во осминафиналето. Во случај да Барса да загуби или одигра реми, а Бенфика го оправда статусот на фаворит и слави над Динамо Киев во Лисабон тогаш шпанскиот претставник ќе завриѓи како трет и на пролет ќе игра во Лигата на Европа.
Секако клубот од „Камп Ноу“ сака да го избегне ова сценарио, па освен тренерот Ернандес така и играчите порачуваат дека ќе направат се за да дојдат до посакуваната цел.
-Ова е наша последна шанса, ова е како финале. Мора ментално да бидеме подготвени за да дадеме се од себе и да дојдеме до резултатот што го посакуваме,- порача Мемфис Депај.
Барселона лошо минува во дуелите со Баерн во последнава деценија, па така има порази од 3-0, 8-2, 3-2, 4-0, 3-0, односно единствената победа е во 2015 година кога славеше со 3-0 со головите на Меси (2) и Нејмар.