Мемфис Депај минатото лето пристигина во Барселона како слободен фудбалер, откако му заврши договорот со Лион.
Холанѓанецот очекуваше дека ќе игра со Лионел Меси во Барселона, но доживеа разочарување откако тимот објави дека не може да потпише нова соработка со Аргентинецот.
Депај ја отвори сезоната со неколку голови и покажа дека ќе биде добро засилување за екипата, но резултатската криза на Барселона натера еден новинар да му постави незгодно прашање на фудбалерот.
Новинар на „ЕСПН“ го праша Депај дали жали поради тоа што потпишал за Барселона, откако каталонскиот клуб влезе во криза, а тој се изнервира и му даде одговор.
„Дали ми е жал што сум потпишал за Барселона? Како може да ме прашате такво нешто? Тоа е Барселона, најголемиот клуб во светот. Ја знаеме ситуацијата во тимот, но не сум загрижен“, вели Депај.