четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дешам: Играта на Манчестер не зависи само од Погба

Дешам: Играта на Манчестер не зависи само од Погба

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешам, изјави дека играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, не може сам да обезбеди победничките резултати на тимот.

– Играта на Манчестер Јунајтед не зависи само од Погба. Се базира на целиот тим. Пол не може сам да победи. Тој презема на себе многу, лидер е. На теренот прави се што може. Но, некогаш тоа не е доволно. Мора да има поддршка од соиграчите, изјави Дешам.

Манчестер Јунајтед по седум рунди се наоѓа на 10 место во Премиер лигата со 10 бода.

Погба кој под водство на селекторот Дешан во јули со Франција ја освои титулата светски шампион, во тековната сезона настапи на осум натпревари за тимот од „Олд Трафорд“ и има ефект од четири погодоци, и две асистенции.