петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дешамп објасни зошто Бензема не играше на СП во Катар

Дешамп објасни зошто Бензема не играше на СП во Катар

Играчот на Реал Мадрид Карим Бензема го пропушти последниот Мундијал во Катар, официјално поради повреда.

Но, со тоа веројатно не се согласува фудбалерот кој ја продолжи „војната“ на социјалните мрежи со актуелниот француски селектор Дидие Дешамп, кој не сметаше на Карим на последните две Светски првенства.

Дешамп објасни што се случувало пред почетокот на Мундијалот, објаснувајќи дека самиот Бензема му соопштил дека нема да биде подготвен најмалку до 10. декември, и затоа не се нашол меѓу патниците на СП. Потоа Бензема се опоравил од повредата, но Дешамп се одлучи да не го повика.

Бензема му одговори на социјалните мрежи со натпис „Каква дрскост“, и стави слика од кловн.