недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дешамп: Загубивме поради изменетиот тим

Дешамп: Загубивме поради изменетиот тим

Селекторот на фудбалскатата репрезентација Дидие Депамп ја презеде одговорноста за неуспехот и рече дека не сакал да ризикува со најдобрите фудбалери.

„Очигледно имавме потешкотии поради изборот на тимот што го направив, но не можеме да ги постигнеме сите цели во исто време. Имавме два многу интензивни натпревари за четири дена и дадов можност повеќе играчи од тимот да бидат на теренот“, изјави Дешан.

Селекторот додаде дека ќе следи заздравување, бидејќи ќе започне вториот дел од натпреварувањето. И покрај вечерашниот пораз Франција остана на врвот во групата Д, во осминафиналето се пласираше и Австралија, а натпреварувањето го комплетираа Тунис и Данска.