понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дежурниот критичар на Меси: Секогаш гледаме негативни работи од него, тој веднаш заминува во Барселона…

Дежурниот критичар на Меси: Секогаш гледаме негативни работи од него, тој веднаш заминува во Барселона…

Пари Сен Жермен минува низ криза по елиминацијата од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, односно тие порази оставија последици врз екипата која загуби два натпревари во низа на домашен терен во Лига 1, натпревари во кои воедно не постигна ниту еден гол.

По ваквите изданија нормално е да има критики, а најмногу од нив се насочени кон Лионел Меси. Се бара, очекува повеќе од Аргентинецот, има дури и свирежи од навивачите, плус тука се и оние поранешни играчи, сега аналитичари на кои ветеранот некако секогаш им е трн во око.

Во повеќе наврати Жером Ротем говореше негативно за напаѓачот, па таа негова серија продолжи и ја стави под знак прашање посветеноста на Меси кон ПСЖ.

-Лео Меси претставува фудбал, сè што сакам во фудбалот. Тој ја одбележа историјата на фудбалот, можеби е најголемиот од сите генерации. Но, ние сме крајно разочарани од неговиот придонес во текот на неговите две сезони во ПСЖ. Јас дури и не зборувам за неговата престава на терен, туку само да го одбранам клубот во интервјуа, да покаже дека е среќен што живее во Париз, дека успеал да се пронајде. Напротив, секогаш гледаме негативни работи.

-Што има неколку дена одмор, веднаш оди во Барселона. Тој никогаш не се навикна на Париз, на она што го претставува ПСЖ. Тоа е секако млад клуб, но клуб кој има историја која мора да се почитува. Мора да се ставите во копачките на играч од Париз, тој никогаш тоа не го направи, па затоа го обвинувам за тоа, -порача Ротен за РМЦ.

Во изминативе денови Лео доби поддршка од некои други француски легенди како Тјери Анри и Емануел Пети кои едноставно му порачаа дека заслужува повеќе од тоа што го добива во сегашниот клуб.