вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џани со освоен трофеј се приклучува на репрезентацијата!

Џани со освоен трофеј се приклучува на репрезентацијата!

Репрезентативецот на Македонија, Езгјан Алиоски со Фенербахче го освои Купот на Турција и така ја заврши сезоната, па сега се приклучува на репрезентација во подготовките за двата натпревари во квалификациите за ЕП.

Во вчерашното финале Фенербабхче славеше победа против Башакшехир, па Џани и друштвото го прославија освоениот пехар.

Алиоски сега се става на располагање на селекторот Благоја Милевски за натпреварите со Украина во петок во Скопје и Англија на гости во понеделеник.