недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џеко продолжува во Фенербахче

Џеко продолжува во Фенербахче

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче објави денеска дека 37-годишниот репрезентативен напаѓач на Босна и Херцеговина, Един Џеко, е нов фудбалер на клубот од Истанбул.

– Един Џеко ќе пристигне во Истанбул за да ги мине лекарските прегледи и да ги финализира преговорите околу трансферот, соопшти Фенербахче.

Џеко се сели во Фенербахче од редовите на финалистот во Лигата на шампиони, Интер во чиј редови изминатата сезона постигна 14 голови во сите натпреварувања.

Со 64 голови на 129 натпревари Џеко е најдобриот стрелец во историјата на Босна и Херцеговина.