Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија би сакал да ја продолжи кариерата во Барселона. Тој чека понуда од шпанскиот клуб, објави „Мундо Депортиво“.
Триесет и четиригодишниот играч од средниот ред би сакал да ја продолжи кариерата во каталонскиот тим, иако претходно имаше договор со Јувентус.
Во моментов Аргентинецот е слободен на трансфер пазарот, бидејќи му истече договорот со Пари Сен-Жермен.
Анхел Ди Марија минатата сезона одигра 26 првенствени натпревари, постигнувајќи пет гола и седум асистенции.