Анхел Ди Марија во текот на летото пристигна во Јувентус откако му истече договорот со ПСЖ.
На своето деби веднаш го покажа квалитетот, но потоа стигнаа проблемите со повреди. Против Сасуоло имаше гол и асистенција, меѓутоа се јави стариот проблем со Ахилобата тетива.
Започнаа честите повреди и веќе три ги имаше во Јувентус. Со Аргентина играше на Светското првенство, а сега се очекуваше да игра за Јувентус утре против Кремонезе, но „бјанконерите“ ќе мора уште малку да почекаат.
Ди Марија се мачи со повреда на десниот зглоб и се уште не е познато колку ќе биде потребно да се опорави и да му помогне на Јувентус.