Фудбалерот од средниот ред на Бенфика и Аргентина, Анхел Ди Марија одговори на изјавата на поранешниот германски репрезентативец Лотар Матаус дека напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси не ја заслужил Златната топка.
Претходно, Матеус церемонијата за доделување на Златната топка во 2023 година ја нарече фарса. Според него, напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд повеќе ја заслужил наградата отколку Меси.
– Оди плачи на друго место, му одговори Ди Марија на Германецот на социјалните мрежи.
Лионел Меси пред два дена по осми пат ја освои Златната топка. Во гласањето, 36-годишниот Аргентинец ги победи Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, кои го освоија второто, односно третото место.