сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Диаго Далот потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Диаго Далот потпиша нов договор со Манчестер јунајтед

Диого Далот денеска стави потпис на нов договор со Манчестер јунајтед до јуни 2028 година. Португалскиот десен бек беше меѓу оние играчи со најголема минутажа кај менаџерот Ерик тен Хаг.

Тој дојде на „Олд Трафорд“ од Порто на инсистирање на Жозе Мурињо во 2018 година. Една сезона беше позајмен во Милан, а потоа се врати во Јунајтед.

Досега има одиграно 107 натпревари за „црвените ѓаволи“, а очигледно ќе направи уште многу повеќе во следните шест години.