Поранешниот напаѓач на Челзи и Атлетико Мадрид, Диего Коста, потпиша за водечкиот тим во бразилското првенство Ботафого, соопшти бразилскиот клуб.
Коста (34) беше без ангажман од јуни кога ги напушти редовите на премиерлигашот Вулверхемптон и со Ботафого потпиша четиримесечен договор.
„Многу сум среќен што сум избран да бидам дел од семејството. Ви благодарам и се гледаме наскоро“, објави поранешниот шпански репрезентативец на социјалните мрежи.