Фудбалерот Диего Коста е нов играч на Атлетико Минеиро, потврди бразилскиот тим на социјалните мрежи.
Шпанскиот репрезентативец кој осум месеци беше без клуб во таборот на Атлетико доаѓа како слободен играч, тој за првпат во својата кариера ќе заигра за клуб од Бразил.
Атлетико Мадрид беше последниот тим за кого настапуваше, таму мина две години, откако претходно беше дел од Челзи.