Натпреварот против Малта ќе го памети Столе Димитриевски, кој го одигра шеесеттиот натпревар во дресот со државниот грб и се израмни со големиот Петар Милошевски.
„Достигнав една легенда како Петар Милошевски. Запишав шеесет натпревари во репрезентацијата. Му благодаарам за тоа што тој го направи за нас, еден од најдобрите голмани во нашата историја, Дај Боже по 10-15 години некој да ме достигне мене“, смета голманот на нашата репрезентација.
Димитриевски потоа се осврна на натпреварот и тешко извојуваната победа над Малта.
„Излеговме на терен да победиме и тоа беше најважно за нас. Нема лесни натпревари денес, но нашата цел беше да победиме и успеавме во тоа. Не чувствувавме притисок, но имавме серија на лоши резултати и тоа влијаеше на нас“, заврши Димитриевски.