Македонскиот репрезентативец голман Столе Димитриевски во интервју за „ТелеМадрид“ изјави дека нема проблем да остане во Рајо Ваљекано, а планира да игра најмалку до 2030 година.
Шпанија и Португалија се кандидати за организација на Светското првенство во 2030 година, а Столе Димитриевски вели дека за него би бил перфектен крај доколку игра со Македонија игра на тој Мундијал.
„Мојот сон е да ја завршам кариерата во македонскиот дрес со настап на Мундијалот во 2030 година, во Шпанија и Португалија. Тогаш ќе имам 36 години“, кажа Димитриевски.
Димитриевски и оваа сезона е еден од најдобрите голмани во Примера и неговото име често се поврзува со големи клубови, но тој истакна дека нема проблем да остане во Ваљекано.