Столе Димитриевски веќе извесно време е еден од најдобрите поединци во македонскиот национален тим.
– Секогаш сум многу среќен кога играм на домашен терен. Чувството е различно и посакувам утре стадионот да биде полн и да добиеме голема поддршка од навивачите. Со навивачите позади нас, ќе биде многу полесно да ја победиме Грузија. Исто така посакувам и очекувам да ја сочувам својата мрежа. Со таа мисла влегувам на секој меч и ако успееме да сочуваме чиста мрежа, мислам дека ќе го добиеме натпреварот. Грузија создава многу шанси, но и ние можеме да им наштетите, – изјави Димитриевски.