Заминувањето на Аријан Адеми од Динамо Загреб крена „прашина“, а по реакциите е јасно дека македонскиот репрезентативец е најголемата клупска легенда. Во конкуренција на светски познати фудбалери, во клуб од каде што потекнува еден Лука Модриќ, заминувањето на Адеми е веројатно најемотивниот момент во клупската историја.
Самите реакции на фудбалерите, однесувањето на хрватските медиуми, емотивните пораки од соиграчите, но и самиот Адеми се показател каква беше конекцијата клуб-фудбалер во изминатата декада. Динамо беше тука кога на Адеми му беше најтешко, кога падна на допинг тестот, ама и фудбалерот остана сите овие години и во најтешките моменти. Поради заминувањето, клубот на специјалното интервју со Адеми му приреди и изненадување. Македонскиот репрезентативец гледаше пораки од свои сегашни и поранешни соиграчи, па зборовите на Ковачиќ, Петковиќ, Стефан Ристовски… го одведоа од солзи до смеа.
Последното интервју на Адеми како фудбалер на Динамо Загреб:
Адеми пушти и солзи, дел од пораките го погодија и тој беше емотивен, а големиот пријател и репрезентативен колега Ристовски успеа да го насмее. Играчот за врска кариерата ќе ја продолжи во редовите на Пекинг Гуан во Кина, од каде доби богата понуда која не се одбива.