Игор Бишчан ја плати цената за драматичната елиминација на Динамо од квалификациите за Лигата на шампионите и од денеска веќе не е тренер на хрватскиот шампион.
Динамо имаше пласман во следната рунда до 92. минута на гостувањето кај АЕК, но наредните минути прими два гола и доживеа елиминација на радост на домашните играчи и фанови.
Ваквиот епилог го зголеми притисокот на сметка на Бишчан, кој заработи многу критики за одредени потези за време на двомечот, а денеска е донесено решение за крај на соработката.
Нашиот Стефан Ристовски наскоро ќе добие нов тренер, а одлуката за промена доаѓа на три дена до плејоф дуелот од Лига Европа против Спарта Прага.
Бишчан го водеше Динамо на 16 натпревари, минатата сезона ја презема функцијата од Анте Чачиќ и ја потврди титулата, а сезонава ги водеше „модрите“ до трофејот во Суперкупот.