понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Динамо има нова понуда за Аријан Адеми од пет милиони евра

Динамо има нова понуда за Аријан Адеми од пет милиони евра

Аријан Адеми е заштитен знак на Динамо Загреб. Македонскиот репрезентативец е капитен и најтрофеен играч, а секој преоден рок за него доаѓа понуда, но тој не сака да ги напушти „модрите“.

Хрватските медиуми јавуваат дека постои нова понуда за Аријан Адеми. Повторно, таа е во висина од пет милиони евра. Името на клубот засега не се открива, но мала е веројатноста тој да си оди поради приврзаноста кон клубот и статусот кој го ужива.

Капитенот на Динамо оваа сезона го освои дваесеттиот трофеј во дресот со што стана апсолутен рекордер во клупската историја, со четири титули повеќе од првите следбеници Томислав Бутина и Михаел Микиќ.

Адеми воедно со 340 натпревари успеа да дојде на второто место на „вечната листа“ според бројот на натпревари. Го мина Младен Рамљак кој застана на 337 натпревари, додека на врвот е Дражен Ладиќ со 468 натпревари.

Македонскиот репрезентативец зад своето име единаесет титули во ХНЛ-лигата, шест во Купот на Хрватска, како и три Суперкупа.