Хрватскиот фудбалски шампион и со официјално соопштение во кое потврди дека нема никаков проблем со Адеми и македонскиот фудбалер добил понуда за нов договор.
„ Нема никаков судир во никаков облик од било кој од челниците на Динамо, од претседателот, членот на управата Крешимир Антолиќ или тренерот Анте Чачиќ со Аријан Адеми. Капитенот беше денеска во клупските простории на средба со челниците и со спортскиот сектор за да ги изнесе информациите дека има интерес од одредени клубови од странство за негов трансфер.
Раководството на клубот после тоа заедно со спортскиот директор и тренерот јасно го кажаа својот став за останување на Адеми во Динамо и даден му е предлог капитенот да потпише нов договор со клубот“, објави Динамо.
Адеми е вистинска легенда на Динамо и зад себе има 351 натпревар во кој постигна 39 гола и 29 пати асистираше. Во Динамо пристигна во 2010 година од тимот на Шибеник. Адеми и во минатото се поврзуваше со разни клубови, но на крајот секогаш остануваше верен на Динамо.