Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија вчера и официјално го презема Њукасл.
За директорка беше поставена 48-годишната Аманда Стивлеј која ќе ги носи главните одлуки. Директорката на првата прес-конференција амбициозно порача дека сака Њукасл да биде шампион на Англија и Европа во наредните пет години.
„Сакам да се заблагодарам на навивачите, без нив немаше да бидеме тука. Ова е нивни тим, а ние ќе се грижиме за него. Сериозни сме и ја разбираме улогата. Се чувствувам гордо што сум делк од Премиер лигата. Нашата желба е да освојвуваме трофеи, а се надеваме дека во наредните пет години ќе бидеме шампиони на Англија и Европа. За да дојдат трофеите потребно е време, инвестиции и трпение“, изјави Аманда.
Ќе потсетиме, на чело на инвестицискиот фонд стои принцот Мохамед Бин Салман кој располага со богатство од 320 милијарди фунти.