Реал Мадрид не доби повратна информација од ПСЖ за Килијан Мбапе и ќе мора да почека за да ги осигура услугите на францускиот напаѓач кој гори од желба да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но затоа Флорентино Перез си осигура барем утешна награда, крадејќи ја трансфер метата на „светците“.
ПСЖ беше во пол-позиција за ангажманот на суперталентираниот Едуардо Камавинга и се чинеше дека ќе ја активира операцијата во последните неколку часа, но откако Реал Мадрид сфати дека нема да го добие Мбапе ова лето, експресно се насочи кон другиот француски фудбалер и го договори во рекордно време.
„Кралскиот клуб“ со огромно задоволство го потврди трансферот на 18-годишниот Камавинга за сума од околу 30 милиони евра, нешто што е драстично помалку од она што го бараше Рен пред само една година (100 милиони евра).
– Цела операција се случи многу брзо. 48 часа претходно, почнавме да зборуваме со Реал Мадрид, а за клубот и играчот, се излезе во најдобар ред. Секогаш велев дека не сакаме да го загубиме Камавинга без да инкасираме ниту едно евро, а добро е што и тој не го сакаше тоа. Можеше да почека шест месеци и да потпише за друг клуб како слободен агент, но не дојде до тоа и заслугата е негова. Имаше потешкотии минатата сезона, сега му посакуваме многу среќа. Очекувавме да заработиме повеќе од него, да го продадеме посакпо, но и оваа продажба е доста интересна за клубот.
– Конечната сума зависи од многу фактори, од неговите настапи, од неговиот квалитет. Може да заработиме и малку повеќе од тоа што се пренесе, а имаме и мал процент од идна продажба, – открива спортскиот директор на Рен, Флориен Маурис.