четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Доаѓа крајот на ерата на Симеоне во Атлетико Мадрид – Чоло заминува

Доаѓа крајот на ерата на Симеоне во Атлетико Мадрид – Чоло заминува

По завршувањето на оваа сезона, Диего Симеоне ќе го напушти Атлетико Мадрид, беше објавено во шпанската емисија специјализирана за фудбалл, “Ел Чирингито“.

Атлетико Мадрид ја игра најлошата сезона откако Диего Симеоне е на клупата, шпанскиот тим беше последен во групата од Лигата на шампионите во која играше со Порто, Клуб Бриж и Баер Леверкузен. Реално има поквалитетен тим од сите овие три тима, но го заврши настапот во Европа.

На клубот не му цветаат рози ниту во шпанското првенство. Во моментов се на петтото место на табелата со дури пет порази од 16 натпревари и три нерешени средби. Имаат цели 14 бода заостанување зад лидерот Барселона.

Се чувствува заситеност кај Атлетико Мадрид од стилот на Симеоне, а се чини дека и него му треба нов, свеж проект.

Чоло во Атлетико Мадрид е од 2011 година, од тој период па до денес, тој двапати стана шампион на Шпанија, двапати ја освои Лига Европа, двапати го освои и Суперкупот на УЕФА, еднаш Купот и Суперкупот на Шпанија и играше две финалиња во Лигата на шампионите.