недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Добро познатиот термин од 20:45 часот замина во историјата: Утре започнува новата сезона на Лигата на Шампионите со нови термини

Добро познатиот термин од 20:45 часот замина во историјата: Утре започнува новата сезона на Лигата на Шампионите со нови термини

Новата сезона од најелитното европско фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите започнува утре. Првото коло од групната фаза во ЛШ во сезоната 2018-2019 ќе се одигра утре и задутре и тоа во нови термини, од 18:55 и 21:00 часот.

Она што е најново е дека веќе нема да го имаме добро познатиот термин од 20:45 часот или дополнително воведениот од 18:00, кога се играа натпреварите на кои домаќини беа руски, украински и турски клубови.

Групната фаза ќе трае до 12 октомври, а во рамките на неа ќе се одиграат вкупно 96 натпревари. Веќе на првиот натпреварувачки ден, 18 септември, ќе можеме да видиме неколку исклучително атрактивни дуели во групите А, Б и Ц.

Дерби натпревари кои не очекуваат оваа недела се дуелите помеѓу Интер и Тотенхем, утре од 18:55 часот во рамките на групата Б, како и дуелот помеѓу Ливерпул и ПСЖ, меч кој исто така се игра утре со почеток од 21 часот во рамките на групата Ц.