петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Додека во Европа се фрлаат стотици милиони, еве како е во Африка: Најдобриот фудбалер добива 5 ГБ интернет, пиво… (ФОТО)

Еве ти, па сурфај. Хломпхо Кекана, играч од средниот ред на водечкиот клуб во јужноафриканската прва лига, Мамелоди Сандаунс, како награда за најдобар играч на натпреварот доби 5 ГБ мобилен интернет.
Додека во Европа се фрлаат стотици милиони, еве како е во Африка: Најдобриот фудбалер добива 5 ГБ интернет, пиво… (ФОТО)

Браво, беше најдобар. Еве ти 5 гигабајти интернет и сурфај колку сакаш.

Тој е сцена од првата лига на Јужна Африка, каде Хломпхо Кекана, играч од средниот ред на водечкиот клуб Мамелоди Сандаунс, како награда за најдобар играч на натпреварот доби интернет меморија.

Така убаво можел на мобилен да ги прегледа најинтересните моменти од натпреварот во кој доминираше.

Јужноафриканската лига после секој натпревар ја дава оваа награда на играчот кој ќе биде избран за најдобар, а ја дели телекомуникациската компанија која е покровител на првата лига.

Не е тоа ништо, во Зимбабве наградата знае да биде 24 лименки пиво, додека во Гана најдобриот играч добива папучи.