сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Доктор Емил Угриновски и „Неуромедика“ – нов спонзор на ФК Вардар и Комити

Доктор Емил Угриновски и „Неуромедика“ – нов спонзор на ФК Вардар и Комити

Во време кога ФК Вардар почнува нова приказна, отвора нова страница од својата богата и долга спортска историја, и тргнува во испишување на резултати што треба да донесат враќање на клубот онаму каде припаѓа, се проширува и зголемува и бројот на клупските поддржувачи, помагатели и пред се спортски и бизнис пријатели. Се потврдува дека ФК Вардар е спортски бренд, и тоа го препознаваат многу компании во Македонија.

„Со голема радост и возбуда го најавувам новото спонзорство на Фудбалскиот Клуб Вардар. Во своето своевидно утврдување, ова партнерство има длабоки корени во мојата посветеност кон здравствениот сектор и исто така, во мојата страст кон спортот, особено кон фудбалот.

ФК Вардар го симболизира силниот дух на тимската работа, посветеноста и стремежот кон успехот.

Ова спонзорство е повеќе од финансиска поддршка – тоа е израз на мојата верба во моќта на заедничката ангажираност за создавање позитивни промени. Верувам дека здравјето и физичката активност се взаимно поврзани.

Со гордост стојам зад ФК Вардар и нивната посветеност кон успехот. Со силниот дух на тимска работа и добрите здравствени навики, сме подготвени да го постигнеме најдоброто. Верувам дека ова партнерство ќе им помогне на спортистите и навивачите на ФК Вардар да се движат кон нови висини и да го инспирираат останатите го следат патот кон здравјето и успехот”, изјави доктор Емил Угриновски, директор на приватната болница ”Неуромедика”.