четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Докторите откриваат кога Михајловиќ ќе може да присуствува на натпреварите на Болоња

Докторите откриваат кога Михајловиќ ќе може да присуствува на натпреварите на Болоња

Тренерот на Болоња Синиша Михајловиќ денес се обрати пред јавноста првпат по четири месеци откако соопшти дека боледува од леукемија.

Како лично минал низ процесот на лекувањето може да прочитате ТУКА, а во продолжение може да дознаете кои се информациите кои денес, во присуство на Синиша, пред медиумите ги споделија докторите кои се грижеа за него.

Франческа Бонифачи докторката која се грижела за Синиша вели дека до денес нема никакви компликации по извршената трансплантација.

-Општата состојба е задоволителна, но секогаш е потребна внимателност. Првите 100 дена се чувствителни, враќањето кон нормалниот живот мора да биде постепен. Повремено ќе ја проценуваме можноста да биде присутен на натпреварите. Имунолошкиот систем се уште е чувствителен, тоа може да го ограничи неговото присуство да натпреварите, но не може да го ограничи неговиот борбен дух. После 100 дена не можеме да зборуваме за целосно излекување, дури по две години може да постои првата дефиниција за тоа, вели Францеска.

По трансплантацијата на коскената срцевина, извршена пред еден месец, следува период на заздравување

-Пвите резултати од првиот циклус се многу позитивни, ќелиите кои го носеа туморот исчезнаа, сега се продолжува со нормална функција, тоа е постигнато веќе во првиот циклус. Во вториот продолживме со истите лекови и методи, но другиот циклус пократко траеше. Се бараше компатибилен донор на коскена срцевина, а денес е точно еден месец од трансплантацијата. Синиша сакаше во разговор со вас да го затвори тој круг., истакна таа.

Докторот Микеле Калво, директор на хематолошкото одделение истакнал дека процесот на заздравување оди според планираното.

-Првпат говорам пред медиуми, и тоа го правам на барање на Синиша. Треба да се биде многу претпазлив на овој пат кон болеста и во терапијата. Сложена е дијагнозата, денес сум тука во име на сите доктори. Болеста ја откривме по долги тестирања, објасни докторот.