Дали знаевте дека зборот „мармалад“ доаѓа од португалскиот збор за дуња „мармело“? Имено, порано се подразбирало дека мармалад се прави од дуња… Уживајте!
Состојки:
3 кг исчистени неизлупени дуњи
1 кг шеќер
4 големи кисела јаболка (грени смит)
400 мл вода
сок од два големи лимони
Подготовка:
Во тенџере се ставаат исечканите дуњи и јаболка, се додаваат шеќерот, лимоновиот сок и водата и се варат 20-30 минути, додека да омекне овошјето, па се пасира со рачен миксер. Повторно ставете ја тавата на шпорет и варете уште 10-15 минути за да се згусне мармаладот. Истурете го врелиот мармалад во топли стерилизирани тегли.
Уживајте!