Најдобриот играч на неодамна завршеното Европско фудбалско првенство, италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума (22) и официјално е нов член на францускиот прволигаш ПСЖ, објави вечерва парискиот клуб.
Поранешниот голман на Милан дојде во редовите на ПСЖ без обесштетување и потпиша договор до јуни 2026 година.
-Среќен сум што станав дел од овој голем клуб, Чувствувам дека сум подготвен за новите предизвици и оти тука ќе продолжам да напредувам. Сакам да постигнам што повеќе успеси и да им донесам радост на навивачите, изјави Донарума само неколку денови откако со италијанската репрезентација ја освои европската титула.
Донарума претходно мина шест сезони во Милан, дебитирајќи во дресот на италијанскиот прволигаш од Милано со 16 години. (МИА)