четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Донарума: Раниот гол можеше да не убие, ама ние сме тие…

Донарума: Раниот гол можеше да не убие, ама ние сме тие…

Еден од најзаслужните за титулата на Италија на 16. Европско првенство дефинитивно е голманот Џанлуиџи Донарума кој беше извонреден во текот на целиот турнир особено кога беше најпотребно во полуфиналето и финалето кога едноставно ги читаше противниците во пенал сериите против Шпанија и Англија.

Италијанците во завршниот меч против Англија примија погодок во раната фаза преку Шо, погодок кој според Донарума едноставно можел да ги убие на „Вембли“

-Бевме извонредни, не би го испуштиле трофејот. Како што Ачерби зборуваше, бевме оддалечени само еден сантиметар и успеавме.

-Сите знаете од каде започнавме, ова целосно го заслуживме. Тој ран гол можеше да нè убие, но тоа не сме ние. Ние сме тие што никогаш не се предаваме. Може да примиш гол, не беше лесно, бидејќи Англија добро се бранеше, но ние бевме спектакуларни и го заслужуваме сето ова, -порача Донарума кој беше прогласен за играч на ЕП.