Холандскиот фудбалски репрезентативец Дони ван де Бек се очекува да го напушти Манчестер Јунајтед во јануари.
Неколку клубови се заинтересирани за играчот, но се верува дека одењето во Серија А е најреална опција.
Јувентус и Интер се клубови кои бараат засилување во средниот ред, па се верува дека и двајцата ќе се обидат да го доведат Холанѓанецот од Манчестер Јунајтед, барем на позајмица до крајот на сезоната.
Стоперот на Јувентус, Матијас де Лихт играше со Ван Де Бик во Ајакс и наводно ќе разговара со него и ќе побара од него да дојде во Торино за да му помогне на Јувентус до крајот на оваа турбулентна сезона.
На „Олд Трафорд“ сметаат дека Ван де Бик сепак вреди, затоа сакаат да го испратат на позајмица да игра, а потоа да го вратат во своите редови.