вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дориан Бабунски двоен стрелец за победа на Дебрецин

Дориан Бабунски двоен стрелец за победа на Дебрецин

Македонскиот фудбалски интернационалец Дориан Бабунски блескаше на денешниот натпревар меѓу Пушкаш Академија и Дебрецин, на кој гостите победија (0:2) благодарение на неговите два гола. Засилувањето за Дебрецин во зимскиот преоден рок ги постигна првите голови во дресот на унгарскиот тим, обезбедувајќи важни бодови за екипата која се одлепи од опасната зона.

Дориан и Давид Бабунски повторно беа стартери за Дебрецин, а помладиот брат постигна фантастичен гол во 17. минута.

Истиот фудбалер реализираше и во 70. минута, со што го реши победникот на овој меч.