вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дориан Бабунски е најдобар напаѓач во полусезоната во Бугарија

Дориан Бабунски е најдобар напаѓач во полусезоната во Бугарија

Дориан Бабунски има одлична година. Одлично се снајде во Бугарија, добрите настапи му донесоа многу лични признанија, играше и за националниот тим, а најново е што тој е прогласен за најдобар напаѓач на полусезоната.

Центарфорот кој има 25 години постигна десет гола во натпреварите и е на второто место на листата на стрелци. Но, според неговата ефикасност, тој е најдобар, вкупно 25 шута од 38 му завршиле во голот, а изнудил и три пенали.

На листата тој се наоѓа пред Касеидо, кој постигна дванаесет гола, додека третото место му припаѓа на Десподов. Бабунски е мета на повеќе клубови и нема да е изненадување ако оваа зима ја промени средината.