Љупче Дориев е фудбалер кој добива повик од селекторот Благоја Милевски и за време на редовните ФИФА термини, но овојпат беше дел од тимот составен од прволигашките играчи кои добија шанса за докажување во Абу Даби.
– Одигравме навистина одличен натпревар. Дисциплинирано од почеток, без да дозволиме противникот да наметне свое темпо или да создава сериозни шанси.Ние бевме добро позиционирани, опасни на моменти и штета што во самиот финиш не бевме наградени со добар резултат. Не беше досуден чист пенал. Секоја чест за моите колеги, од прв до последен, за прикажаната игра. Треба да бидеме горди на нас самите и да се бориме и понатаму за место во репрезентацијата, – изјави Дориев.