Манчестер Сити квалитетно се засили ова лето со тоа што го донесе Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Трансферот меѓу двата клуба беше договорен на 60 милиони евра, но меѓу клубовите дошло до интересен договор, поради кој германскиот клуб засега нема да добие ниту евро од договорената сума.
Во досега неоткриени детали од договорот, Сити и Дортмунд договориле дека плаќањето на трансферот ќе се изврши во четири рати. Првата дури во јули 2023 година, а потоа секоја следна година ќе им биде исплатена по една рата, се до 2026 година.
Халанд беше играч за кој лудуваше цела Европа, но на крајот тој реши да се договори со Сити, клубот за кој некогаш настапуваше и неговиот татко.